АктуелноЛокалноНастани

Левица ќе има претседателски кандидат, Ванковска веќе собра над 9.000 потписи

Кандидатот на Левица, проф. Билјана Ванковска веќе собра над 9.000 потписи во рекордно време, со што станува јасно дека на овие избори, за ПРВ ПАТ, Левица ќе настапи со свој кандидат за претседател на Република Македонија.

-Им благодариме на сите наши активисти, симпатизери и поддржувачи на каузата, кои ја дадоа својата поддршка за проф. Билјана Ванковска и ни се приклучија во борбата за рушење на БИПАРТИЗМОТ – кој три децении национално, економски и социјално го деградира македонското општество.

Поддршката која ја доби Левица изминатиов период покажува дека македонскиот народ веќе не се плаши од уцените и притисоците на истрошените политички елити и дека доаѓаат нови времиња за Републиката, порачуваат од партијата.

-Неизмерно сме горди на ентузијазмот на активистите на Левица, кои секојдневно докажуваат дека работите може и треба да се променат. Сите оние кои не успеале да се потпишат за проф. Ванковска, тоа може да го сторат денес до 20 часот, во подрачните канцеларии на ДИК.