АктуелноЛокалноНастани

Ахмети: Османи ќе нè брани од руската мечка и ќе го спроведе Договорот со Бугарија

Со Бујар Османи ДУИ влегува во претседателската трка, обелодени лидерот на партијата Али Ахмети, потврдувајќи ги долгонајавуваните шпекулации дека шефот на дипломатијата ќе биде претседателски кандидат на партијата, откако пропадна идејата за консензуален кандидат со СДСМ.

Под изборниот слоган „Не за Русија, да за Европа“ Ахмети рече дека руското влијание било вистинска закана за Македонија, а дел од решението според него е по изборите да се изгласаат уставните измени, а со тоа земјава да се изјасни дека е за Европската Унија.

-Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време. Оваа ваша доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, оди си! – изјави Али Ахмети.