Исмаил: За медиумите кандидат е само оној со одобрение од амбасадорската збирштина

Aко се прашувате зошто ја нема Ванковска, која патем прва обзнани кандидатира, тоа е затоа што за мејнстрим медиумите релевантен е само оној кандидат кој има одобрение од амбасадорската збирштина во државава на чело со претседателството од кале на чело на оваа амбасадокретенија, вели Реџеп Исмаил од Левица.

Затоа, од утре излезете по општинските канцеларии на ДИК и дадете го вашето одобрание (потпис) за да професорката Ванковска воопшто добие ПРАВО ДА СЕ КАНДИДИРА. Оти заммислете, потребни се дури 10.000 потписи кои треба да се прибават преку УЖАСНАТА инфраструктура на ДИК.

Тој додава дека е потребно веќе конечно некој да добие шанса да им се спротивстави на овие западни пудлици и конечно, пред очите на јавноста, да се соголат нивните расипани НАТО-вски, анти-македонски, балистичко-фашистички карактери. Конечно, да се отворат горливите теми за западните мегафони, како што се:

– Улогата на Македонија во војната на Украина; – Санкциите кон Руската Федерација;
– Потенцијалот на стратешка соработка со Н.Р. Кина на секое поле и кој и зошто тој потенцијал го гуши;
– Стручноста, лојалноста и автономијата на АРМ;
– Интересите кои се штитат или не се штитат преку безбедносниот апарат;
– Ефектот и рутата на парите кои сопругата на челникот на АНБ ги вбризгува во нашата економија преку својата невладина организација;
– Евиденцијата и контролните механизми и нивната ефикасност на границата со Косово и Метохија;
– Кој, со каква (дали е оправдана) причина и по чија наредба и за чиј интерес безбедносните служби ја злоупотребуваат својата положба, шпиунирајќи и демнеејќи јавни личности во Македонија.