АктуелноЛокалноНастани

Мојсоска: Санстефанска Бугарија и Голема Албанија одат рака под рака

Јована Мојсоска од Левица реагираше на претседателската платформа на Арбен Таравари од АА, од која јасно се гледа дека нема никаква солидарност со нападот врз националниот идентитет на Македонците.

„Таравари најави дека двете главни точки на неговата програма за Претседател ќе се“:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

Токму промената на Уставот е клучна за масовната иселеност во Западна Македонија (само Струга од пописот во 2002 година има изгубено 20% од своето население и тоа се нашите најдобри умови во кои државата инвестирала!). Дури и трагикомично е кога пратениците од ДУИ кажуваат како Албанците живееле мачно пред 2001 година.

Па, токму после 2001 година и Рамковниот договор масовен егзодус се случи во Западна Македонија! И тоа не е поради Уставот (што го сведоа на тоалетна хартија), туку поради ваквите партии кои додека ја еродираат државата со корупција, партизација и криминал – беседат за некаква европска иднина.

Ниту една тн партија на Албанците не се солидаризира со националните прашања на Македонците, ама затоа први да се клеветат за некаков фамозен македонски национализам?!

Едно е јасно, дека Санстефанска Бугарија и Голема Албанија одат рака под рака (како во времето на Втора светска војна) и ниту една партија – освен Левица – не собра храброст јавно да застане против ваквиот експлицитен необализам и неоврховизам!