Со испран мозок од американска амбасада му дале членска книшка на Асанж
Лидерот на Левица Димитар Апасиев се осврна на лицемерниот основ на македонските новинарски здруженија, кои иако со години се финансирани директно од американскиот буџет, му дадоа формална поддршка на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Македонските новинари, кои изминативе години зеле 67 МИЛИОНИ ДОЛАРИ од USAID и Америчка амбасада за “проекти” (за перење мозок), му дале членска книшка на Џулијан Асанж – кој истата таа Америка го бара за издржување казна затвор од 175 години, оти им ги откри воените злосторства на Блискиот Исток.
Асанж вомоментов води правна битка пред британскиот суд, обидувајќи да се ослободи од барањето на САД за екстрадиција, каде покрај другото ќе му се суди за шпиунажа. Инаку, американската администрација не го смета Асанж за новинар.