Анонимно писмо: Кого ќе штити Чадиева, граѓаните или партиските другари?
До редакцијата на Антропол.мк пристигна анонимно писмо, посветено на Даница Чадиева која неодамна беше реизбрана на претседателската позиција во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Писмото ви го претставуваме во целост:
Кадрите на Европската северџанија Даница Чадиева адвокатица со правосуден испит од Велес, бисерот на денешницата од кадрите на СДС, која плени со правна неписменост, тотална менаџерска неспособност и политичка совршена изгубеност-од сумиран заклучок од сите досегашни дејствија. Точно таа, Чадиева, од скоро е избрана за втор 5 годишен мандат за Претседател на институција – Државна комисија, со статус на Самостоен државен орган, дел од правниот систем во државата. Истата таа, Чадиева, е претседател на Општинската Организиција на СДС Велес, значајна партиска функција во СДС и секако со тоа директен поддржувач и имплементатор на политиките на СДС како партија и како владејачка гарнитура во извршната власт.
Значи да прецизираме многу јасно, од 10.2018 до 10.2023 првиот мандат, од 11.2023 до 11.2028 вториот мандат. Тоа ќе значи дека правата на граѓаните од многу области по жалба во втор степен ќе ги заштитува и обезбедува оваа истакната правничка и менаџерка со искуство од првиот мандат. Честито народе, имате Претседател кој го плаќате околу 2400 евра месечна плата, за да заштитува правно и согласно Законите. Честито народе, имате Претседател кој ќе учествува во реформи и обезбедување на правен систем по Европски терк, по совршениот терк на СДС за европеизација на Македонија и сигурен брз влез во ЕУ. Честито народе, имате Претседател кој ќе допринесува во сузбивање на корупцијата и осигурување на правна сигурност и права за граѓаните.
Честито народе, имате Претседател кај кој можете да поднесете жалба на решенијата од првостепените органи од извршната власт. Сите Министерства, органи во состав на министерствата, Агенции и сите институции од извршната власт, управувани точно од партиски другари во СДС на истата Чадиева платена за Претседател на самостоен државен орган, која треба независно да одлучува по жалбите на решенијата на првостепените органи владеени од партиските другари. Независната и самостојна Даница Чадиева ќе одлучува во корист на граѓаните или во корист на партиските другари кога ќе дојде кај неа да ги стави на кантарот (на каде ќе натежнат членовите од законот), ќе ги заштитува граѓаните или лошите или искорумпираните или тенденциозните или узурпаторските решенија на партиските другари од извршната власт. Во која држава тоа така може да функционира? Европска северџанија? Европски северџанистан? Или светски сме? (Одг. толерантни будали).
Статусот на самостоен државен орган на државната комисија којашто ја окупирала СДС и Даница Чадиева треба да гарантира независност и самостојност во одлучувањето согласно надлежностите предвидени со посебен закон за основање на државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен. Со оглед на сегашната ситуација, Браво за Чадиева, во првиот мандат значи доста се потрудила во нејзината работа, за да СДС ја избери и за втор 5 годишен мандат баш до периодот до крајот на 2028 и уште за малку СДС со ваквиот систем само што ќе не внеси во ЕУ како рамноправна членка во 2030-тата, како што ни утврди партискиот другар генерал за внесување на ЕУ М-р-чиќ.
Европски систем, европски начин на функционирање, европско владеење на правото, европско функционирање на државните институции, европски права за граѓаните – тоа може да ви го обезбеди само СДС со нивните кадри како Даница Чадиева, затоа со голема чест и благодарност, народот може да им додели европски ѕвездици и ордени на заслуги за особен придонес во приближувањето на сите нас кон ЕУ.