Путин им ја честиташе големата победа на руските војници
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече освојувањето на градот Авдeeвка голема победа откако началникот на украинската војска вчера рече дека неговите војници се повлекле од разурнатиот град на истокот на земјата во Донецкиот Регион по неколкумесечна интензивна борба
Освојувањето на градот се случи неколку дена пред втората годишнина од започнувањето на воените дејствија на руската војска во Украина.
– Шефот на државата им честиташе на руските војници за овој успех, голема победа – се вели во соопштението на Кремљ објавено на официјалната веб-страница.
Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предупреди дека Авдеевка може да падне во рацете на руските сили поради недостиг на муниција, што според него е причинето поради неколкумесечното противење на републиканците во Конгресот за новиот пакет за воена помош на САД за Киев.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден вчера разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја нагласи посветеноста на САД да продолжи да ја поддржува Украина и ја повторил потребата Конгресот итно да го усвои пакетот за помош на украинските сили.