АктуелноЛокалноНастани

ДПМНЕ рече „мјау” и ги повлече своите амандмани

Вмроидите (Ковачки и Петрушевски) поднесоа илјадници амандмани на Законот за вработени во одбраната. И се сликаа, прописно, се вели на постот објавен на социјалните мрежи на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Тој го коментираше неуспешниот обид на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за носење на измени на Законот за бранители.

– Рекоа дека додека не се донесе ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ, нема да го одблокираат тој за одбрана! ДУИ им врати со 10.000 амандмани, а Алијанса не им ја свика седницата на Комисија. ДПМНЕ рече “мјау” и ги повлече своите амандмани. Така заврши уште едно курчење на десните лавчиња, напиша Апасиев.