Медведев го обвинува Западот за обидот да ја распарчи Русија

Западот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Русија и да ја распарчи Земјата, изјави заменик – претседателот на Советот за Безбедност на Русија, Димитриј Медведев

„Дали им треба земја со територија и најсилен нуклеарен штит која исто така им се покорува на Американците? Ним тоа не им треба‘‘, рече Медведев, одговарајќи на прашања од руските медиуми.

Според него, затоа „желбата на Западот е многу едноставна – да ја дестабилизра политичката ситуација, да ја подели земјата на неколку делови кои би биле доволно големи, да склучи договори со секој од овие делови, да ги денуклеазира и демилитализира сите и потоа да ги понуди неговите (безбедносни) услуги‘‘. Медведев истакна дека „таквите делови имаат дури и шанса да влезат во НАТО, особено ако ги отстапат нашите национални ресурси‘‘.

”Западните земји‘‘ не сакаат да имаат рамноправно партнерство со нас бидејки тоа не им треба‘‘, посочи Медведев, додавајки дека истото важи и за односот на Западот кон Кина.

Заменик- претседателот на рускиот Совет за Безбедност нагласи дека „т.н англосаксонски свет‘‘ , се обидува да управува со сето тоа и до одреден момент по распадот на Советскиот Сојуз, Варшавскиот пакт и Советот за взаемна економска помош, тие беа во можност да го сторат тоа. „И во тој момент наеднаш Кина почна брзо да се развива и подоцна ние го отфрливме тој притисок и почнавме да се однесуваме независно. Ним тоа воопшто не им се допаѓа, па нема да има смиреност во наредните години па дури и децении‘‘, рече Медведев.

Тој истакна дека кога бил студент, верувал дека нашата земја ќе има нормално партнерство со Западот „бидејки ние не сме непријатели и немаме идеолошки разлики бидејки повеќе не исповедуваме тешки комунистички идеи, имаме пазарна економија, демократски избори итн‘‘. Подоцна сватил дека партнерството со Западот е само „поим што се граничи со илузија.