АктуелноИнтернационалноНастани

Авдеевка падна, руската војска ја проби најутврдена линија на Украинците

Украинската армија потврди дека е издадена наредба за повлекување од делови на Авдеевка, град кој се наоѓа во непосредна близина на Доњецк и од многумина беше окарактеризиран како најутврдената позиција на фронтот во руско-украинската војна.

Олександр Тарнавски, командант на југоисточната воена зона на Украина, на својот канал Телеграм објави дека украинските единици се повлекле со мали загуби.

„Во тешка ситуација на бојното поле, каде што останаа само урнатини и купишта тули, наш приоритет е да ги спасиме животите на војниците“, напиша Тарнавски.

Командантот на југоисточната воена зона на Украина ја опиша областа Авдеевка како „жаришна точка на линијата на фронтот долга околу 1.000 километри“.

Руските извори тврдат дека во неколку изолирани населби на градот сè уште се наоѓаат помали групи на разбиените украински сили, прогнозирајќи дека до утре теренот ќе биде под целосна контрола.