АктуелноЛокално

Ванковска: ДПМНЕ никогаш не се борело за Македонија, нив ги интересира гола власт

  • Во вчерашната емисија “Заспиј ако можеш?” на приватната телевизија на ВМРО-ДПМНЕ – Алфа ТВ, потпретседателот на партијата Николовски излезе од реалноста во која живее, налик пред емисијата пазарувал од независниот пратеник на СДС Павле Богоевски, и редеше неосновани обвиненија кон кандидатот за претседател Билјана Ванковска, што само потврди дека стравот кој ДПМНЕ го чувствува од Левица ги тера на тотално нерационално однесување. По одговорот од Генералниот секретар на Левица, на овие лаги одговори и самиот кандидат за претседател Ванковска, во прилог ви го пренесуваме нејзиното соопштение на социјалните мрежи:

Реторичко беше/е прашањето “Заспиј ако можеш?” – и изморена од напорниот ден, си заспав, со мирна совест по еден убав и долг ден.

Утрово ми јавуваат дека тие не заспале (од грижи веројатно), па клеветеле.

На прес-конференцијата минатата недела ми поставија прашање дали ДПМНЕ ќе ми собира потписи за да после, во вториот круг ги испорачам на контото на кандидатот/кандидатката на оваа партија. Сега овие возвраќаат дека СДС ќе ми собира потписи за да му одземам на сѐ уште неизбраниот кандидат на ДПМНЕ.

Блазе си ми, Јас спијам, тие ми собираат потписи! Горан Момироски (шефот на изворниот штаб на Силјановска на претходните претседателски избори) си молчи “мудро” додека во неговото студио ме омаловажуваат и клеветат, иако знае со каква посветеност ја поддржав мојата колешка и пријателка во 2019.

Шегата на страна, двете (божем) големи партии не знаат поинаку, освен со подметнувања, застрашување и дисквалификации. А изборите уште не се ни распишани!
Изјавата на Николовски дека ќе дежураат и следат граѓани кои ќе се потпишуваат за мене е доказ за нивниот “демократски” потенцијал.

Да се бореше “најголемата опозициска партија” толку жестоко во 2018 година како што сега се бори против Левица и мојата кандидатура, сега немаше да бидеме заробеници во една Македонија која што ја немаме.