АктуелноЛокално

Левица: Охридските пратеници украле 3,788,220.00 денари за патни трошоци

  • Реакција на Левица ЛО Охрид

Шест охридски претставници во Собранието на Република Македонија од редовите на ДПМНЕ – Охрид и СДС – Охрид од од 2020 година до 2023 година, заедно во името на патните трошоци украле народни 3.788.220.00 денари за релацијата Охрид-Скопје.

На врвот од листата охридски пратеници на кои им е исплатен патен надоместок кој изнесува речиси милион денари се наоѓаат Александар Николовски од редовите на ДПМНЕ и Жаклина Лазаревска – СДС, која и покрај тоа што потрошила речиси милион денари за патувања, поседува и два стана во Скопје. По нив доаѓа Лидија Петкоска – ДПМНЕ која потрошила 891,973 денари и Лазе Таневски – СДС и покрај тоа што поседува два стана во Скопје, потрошил 788,675 денари. Кирил Пецаков – ДПМНЕ од 2020 до 2021 потрошил 151,880, а за Грација Бакраческа достапни се податоци дека во 2021 потрошила 4.856 денари за патни трошоци.

Сакаме да ги потсетиме пратениците кои се изгласани од охриѓани дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да стигнат до своето работно место – во парламентот, наместо да патуваат со приватни шофери и луксузни автомобили.

Пратениците од Левица потрошиле 0 (нула) денари за патни трошоци.

Потсетуваме дека во 2021 година од страна на СДС и ДУИ беше одбиена точката за законски измени предложена од Левица да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои сега имаат плати над 100.000 денари) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија. На овој начин СДС и ДУИ бесрамно го ограбуваат и така осиромашениот народ!

Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги намали овие трошоци, а пратениците од Левица се единствените кои преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните надоместоци и апанажата!