АктуелноЛокално

ЦК на Левица: Спремни за претседателски и парламентарни избори

Денеска, на 4-ти февруари 2024 година, беше одржана XXIV. Редовна сесија на Централниот Комитет на #Левица, со над 80 членови на ЦК и нивните заменици.

Низ опсежна дискусија за конечните стратегии за следниот период, со висок степен на мотивација и спремност на структурата и политичката платформа, се завршија и подготовките за претседателските и парламентарни избори, во кои ќе продолжи тенденцијата на најбрз раст на Левица.

На сесијата се потврди кооптирањето на Амар Мециновиќ и Александар Симонов за нови членови на Президиумот на Партијата.

На 7-ми февруари, на прес-конференција Левица ќе го претстави својот кандидат за претстојните претседателски избори, кој ќе биди единствениот избор во клучниот момент за Република Македонија.

Третата опција станува единствена алтернатива на системското уништување на државата и достоинството на обичниот народ – и единствна шанса за народна власт!