Левица: Започнува изградбата на спорната 17-катница во Карпош
- Реакција на Левица – ЛО Карпош
Иако се уште нема јавна информација за издадена Дозвола за градба, веќе започнува оградувањето и подготовка на просторот!
Работниците им потврдија на нашите активисти дека навистина станува збор за изградба на спорниот објект и дека инвеститор е фирмата на Фатмир Етеми.
Она за што предупредувавме, се оствари – урбаната мафија не застанува во своите намери да профитира од секој метар општинско земјиште!
Левица веќе реагираше дека објектот доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ на зградата-споменик, поранешна “Воена болница“.
Дополнително е спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата.
Советот на Општина Карпош изгласа одлука за СТОПИРАЊЕ И РЕВИЗИЈА на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на изградбата.
Градоначалникот Јакимовски, ја занемари вољата на Советот и дозволи парцелизација на земјиштето, со што ја отвори можноста за реализација на планот.
Левица Карпош ќе ги искористи сите расположливи опции за да го блокира и овој обид за узурпација на урбаното живеење и самоволие на урбаната мафија!