Левица: Бесплатниот оброк за учениците од социјално ранлива категорија остана во фиока на Атанасовски
- Реакција на Левица – ЛО Македонска Каменица
Имено, со одлука на совет бр.08-380/1 од 27.02.2023г Службен гласник на М.Каменица бр.18 е изгласан бесплатен оброк за ученици од социјално ранлива категорија.Обезбедени се средства во износ од 200000 денари на ставка 423410 N1, но и покрај членот 6 од правилникот кој вели ДЕКА бесплатниот оброк ќе почне да се применува од второто полугодие од учебната 2022/23 обеќаната помош за овие ученици не сѐ реализира
Иако во Октомври 2023г советот на редовна седница донесува одлука бесплатниот оброк да важи за сите ученици без исклучок градоначалникот од ДПМНЕ Атанасовски своеглаво и на штета на учениците и родителите овие одлуки не ги објави во Службен гласник
Ваквите крајно понижувачки постапки кон учениците и нивните родители се резултат на досегашните лоши политики и некомпететниот политички кадар кој го сочинуваат двете партии ДПМНЕ-СДС не само на централно туку и на локално ниво