АктуелноЛокално

Крмов: Џафери може да биде само премиер на неговата ДУИ за да има за што да пеат по канцеларии

  • Секвенци од говорот на Борислав Крмов пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Левица

Ние зборуваме за претседател на Собрание со најмногу прекршување на Уставот и законитe, зборуваме за претседател на Собрание со најмногу кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување, зборуваме за Претседател на Собрание кој чуваше Декларации и закони во фиока, кој не свикуваше пратенички прашања со месеци, иако му е деловничка обврска. Претседател кој не дозволуваше интерпелации (една и за него самиот), кој најгрубо го кршеше правото на пратениците за процедурална забелешка. По којзнае кој пат, повторно кршејќи го Уставот, си воведе самоволно двојазичност во собраниските дописи, нешто што никогаш не било.

Понатаму, Џафери го прекрши Уставот кога зборуваше во Брисел на албански јазик. Понатаму, го суспендираше правото на народот на непосредно изјаснување. Во времето на Џафери, македонскиот народ го изгуби правото на референдум. Понатаму, пушташе закони без потпис од Претседателот на државата, за да го избутка шверцерски прво Преспанскиот договор, а потоа и тн Закон за двојазичност со кој дефакто Македонија стана на цела територија двојазична држава и полека се движи кон бинационалност. Фрлаше илјадници амандмани на пратениците во корпа, со што најгрубо го прекрши правото на пратениците да предлагаат закони и амадмани, за што сведочи и последниот инцидент во Собранието, каде насила го избутка носењето на Деловникот.

Затоа Талат Џафери никако не може да биде премиер на сите граѓани во Македонија, а на Македонците најмалку. Не може да биде премиер и на Албанците. Обичниот и чесен Албанец нема никаква корист од овој процес. Најмногу што може Талат Џафери да биде е премиер на матичната партија ДУИ за да имаат за што да пеат по канцеларии. И ова ќе претставува уште една узурпација на највисоките македонски политички инситуции.