Левица: Панчо и Зоранчо во ”мртва трка” за патни трошоци

  • Реакција на Левица – ЛО Кавадарци

За жал ова не е наслов од некој нов акционен филм, туку реалната слика за средствата кои ги инкасирале пратениците од Кавадарци изминатава година за нивниот ” ангажман ” во Собранието на Република Македонија.

Согласно добиените податоци по барање за пристап до инфoрмации од јавен карактер, за една година (2023) Панчо Минов (СДСМ) добил 511.069 денари, додека Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ) 506.153 денари, или, со други зборови – за осумдесетина дена по околу 100 евра дневно !
Инаку Панчо Минов, согласно анкетниот лист има стан во Скопје, но сепак земал патни трошоци.

И додека секојдневно читаме вести како високи функционери во земјите од Европа и светот се откажуваат од одредени примања и бенефиции, службени возила и слично, а наместо тоа користат јавен превоз и патуваат со велосипеди кон и од работните места, нашите пратеници со народни пари стекнуваат имоти и недвижнини за неколку генерации..

Драги сограѓани, дали ваквите постапки ви асоцираат на НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ во вистинска смисла на зборот, на оние кои треба да ги застапуваат вашите и наши интереси, да се изборат за подобар животен стандард, за подобра откупна цена и сигурен пласман на грозјето и земјоделските производи !?

Пратениците на Левица имаат поднесено предлог-закон за изменување на законот за пратениците, во делот на патните трошоци, со којшто се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци, кои би се свеле на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз