Митевски: ДПМНЕ и коалицијата против народот
- Фејсбук статус на Славко Митевски – Советник од Левица во Општина Карпош
Веќе подолго време се провлекува а сега пред избори кулминира изгубеноста на ДПМНЕ. Коалицираат со кого стигнат за да се стекнат со власт, подржуваат независни и полузависни кандидати, членството им е лизгаво и разочарано и во таква состојба одат контра секаква смисла за позитивна политика. Со нивните одлуки, кои веќе сигурно доаѓаат од едно исто место, мислат дека ќе му наштетат на политичкиот противник а всушност го казнуваат народот па дури и оние што нив ги гласаат. Некој таму во врвот на ДПНЕ нема компас.
Немање чувство за политички одлуки само покажува дека оваа партија од своето формирање, имала само еден план, Македонија да стане независна држава и да има футбалска репрезентација што и се оствари една година подоцна. Од тогаш навака немањето идеологија само и прави штета на оваа државичка наша насушна. Триесет и две години ДПМНЕ изигрува заштитник на македонштината од СДС (но и обратно). И додека они не бранат едни од други, народот се напати и испости до коска. Крвници да беа на Македонија, немаше волку зло да и направат.
Не успеаа да окречат што беше направено пред тие да стапат на сцена. Уништија златни фирми, испродадоа се што вредеше и тоа се во име на народот, оној истиот народ кој го оставаат без плата и оној народ кој го тераат пешки да оди по 10 км на работа. Блокираат се што ќе им текне преку ноќ, додека во страв размислуваат како да се вратат на власт и да дограбаат се што му припаѓа на народот. Уметност е со ваква власт 8 години да останеш во опозиција. Значи ич не те бива за политика(или пак има нешто што симпатизерите и членството на ДПМНЕ не го знаат) а упорно се бориш за власт. На среќата и немаше крај кога добија градоначалници и мнозинство во советите за да си вдомат по некој вработен или да скрпат некое тендерче ама и таму ја поср.а работата.
Значи партија со 35 годишно искуство од кои половината на власт, не сме да си дозволи ваков циркус. Не верувам дека ова е нешто намерно што им го прават на граѓаните но мислам дека немаат капацитет да организираат екскурзија на деца а камо ли да водат држава.
Пријатели ДПМНЕ, бидете фер, заминете си од политичката сцена. Со ваква политика која ја терате, само на народот му наштетувате. Оставете некој помудар од вас да го оправа она што 30 години го пос.авте.