Првите земјоделци во Европа дошле од југозападен Балкан, од охридскиот регион

Истражувачки тим од Универзитетот во Берн во 2018 и 2019 година успеал прецизно да ги датира наколните живеалишта на бреговите на Охридското Езеро, Република Македонија. Со специјална методологија и испитување на дрвените купови зачувани во езерото, откриено е дека оваа населба  настанала во средината на V милениум п.н.е.  Регионот околу најстарото езеро во Европа, Охридско езеро,  одиграло клучна улога во пролиферацијата, односно ширењето на земјоделството во другите делови на Европа.

Нивните наоди докажуваат дека на дрвените купови биле изградени населби во заливот Плоча Мичов Град во различни фази и во текот на илјадници години, од неолитскиот период (средината на 5ти милениум п.н.е) до бронзено време (2ри милениум п.н.е.). Населбите биле изградени буквално една над друга.

„Прецизните датуми на различните фази на населување на Плоча Мичов Град претставуваат важни временски референтни точки за хронологијата на праисторијата на југозападниот Балкан“, вели Алберт Хафнер. Тој е професор по праисториска археологија на Универзитетот во Берн и член на Центарот за истражување на климатските промени Ошгер.

Прецизната хронолошка класификација, пак, отвори незамисливи можности за толкување на трагите пронајдени од раното населување на Охридското Езеро. Под денешното езерско корито се крие таканаречен културен слој кој се состои главно од органски материјал и е дебел до 1,7 метри. Меѓу другото, содржи остатоци од собрано жито, диви растенија и животни, кои можат да доведуваат до заклучок за развојот на земјоделството. На Балканот, новодојдените земјоделци се соочиле со релативно студени и влажни климатски услови, што ги принудило соодветно да ги приспособат земјоделските практики.

„Интеракциите помеѓу оваа револуционерна иновација и животната средина се во голема мера непознати“, нагласи Хафнер.

Наколните живеалишта во алпскиот регион и археолошкиот локалитет во Охрид се единствените остатоци од населби од неолитскиот период со одлична органска конзервација. Раните наоди се особено интересни бидејќи областа одигра клучна улога во ширењето на земјоделството: првите земјоделци во Европа живееле тука. Раните сточари и земјоделците од Анадолија најпрво стигнале во регионот на Егејот, особено во северна Грција, а потоа и во Централна Европа преку јужна Италија и Балканот пред повеќе од 8.000 години.

Значењето на населбите на Охридското Езеро е огромно: „Наколните живеалишта околу Алпите се сметаат за светско наследство на УНЕСКО од 2011 година, а не помалку значајни се и мочуришните населби во југозападниот Балкан“, вели Алберт Хафнер. Регионот нуди ситуација споредлива со областа околу Алпите: реликвии од праисториски населби се зачувани во бројни езера во модерна Албанија, северна Грција и Република Македонија. Меѓутоа, со неколку исклучоци, локалитетите во балканскиот регион досега речиси и не се проучувани.

Локациите не се лоцирани само на северниот македонски брег на Охридското Езеро, каде што тимот на EXPLO спроведе кампањи за теренска работа во 2018 и 2019 година, туку и на албанскиот западен брег на езерото.