АктуелноЛокално

Инфомакс: Како Јанушев заработил илјадници евра од неговата фирма во Бугарија?

„Не против бугаризацијата на Македонија“ – ова е премисата поради која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оправдува својата одлука против промена на Уставот, со цел влез на нешто повеќе од 3 илјади Бугари во Македонија во истиот.

Се разбира како секој добар трговец за да гласа за внесување на Бугарите во Уставот тој постави неколку услови кои доколку би се исполниле тој би немал проблем неговите пратеници да кренат рака и да ја завршат таа работа.

И додека Мицкоски наводно се бори против бугаризација на државата, неговите пратеници, најблиски соработници, роднини и луѓе дел од раководството на партијата речиси без исклучок или имаат бугарски пасош или имаат како што дознава Инфомакс фирма во Бугарија. Во превод народот нека трпи за леб, ние ќе го штитиме од замислен непријател, Бугари во Устав не може ама левови во џеб и фирми во Бугарија може.

Еклатантен пример за ваквото лицемерие на раководството на ВМРО-ДПМНЕ е токму поранешниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев кој како што дознавам Инфомакс веќе деветта година поседува фирма во Бугарија која на годишно ниво има сериозен обрт на средства на која би и подзавиделе и голем број македонски домашни и успешни компании.

Имено во 2015 година на датум осми декември, Игор Јанушев заедно со Сашо Апостоловски и Кире Гешовски ја формира компанијата Флугбан Транс која до ден денес функционира во соседна Бугарија. Соогласно деталите од договорот Сашо Апостоловски иако има македонско име и презиме тој е државјанин на Европската Унија, односно на Чешката Република додека Кире Гешовски е државјанин на Република Македонија. Што пишува за Игор Јанушев? Државјанин на Република Македонија, роден во Велес.

Ако се уште не се сигурни дека се работи за истиот тој Игор Јанушев, „голем патриот“ и „борец против бугаризацијата“ на Македонија, човек кој потпиша и нотарска изјава дека нема да ја „уништи државата“, да го погледнеме неговиот потпис како директор на ЈСП и истиот да го споредиме потписот на основачот на бугарската компанија „Флугбан Транс“.

Идентично…

Во понатамошниот дел од договорот се идентификуваат правата и обврските на договорните страни односно на деловните партнери во фирмата кои претходно ги споменавме.

Се поставува прашањето кој е интересот на Јанушев да формира фирма во странство особено во држава која го менува идентитетот на Македонецот, го краде неговиот јазик, историја и култура? Одговорот е едноставен, левови, односно пари, поточно многу пари.

Речиси секоја година без исклучок сем првата кога е оформена, компанијата на Јанушев во Бугарија прави обрт од речиси 300 илјади евра, или во просек од 600-тини илјади левови. Разбирливо во првата година обртот е 212 илјади лева, односно само 100 илјади евра.

И веројатно е многу полесно да кажеш „НЕ“ на замислената Бугаризација, поточно на членството на Македонија во Европската Унија кога твојата компнија во држава членка на Европската Унија на годишно ниво прави по 300 илјади евра. Веројатно не ти е важно твојата држава економски да напредува, твојот пасош да ти ги отвара сите врати кога тебе веќе сите врати ти се отворени.

Но она што е интересно е што актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев поранешен генерален секретар на партијата и близок пријател на Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, никаде во својот анкетен лист не посочил дека поседува сериозен капитал во соседна Бугарија.

Соогласно податоците кои Јанушев ги споделил со ДКСК, како директор на ЈСП тој поседувал, четири стана, две моторни возила, акции и приходи како член на надзорен одбор.

Кога Јанушев станува пратеник неговиот имот мистериозно исчезнува па тој сега е сопственик на само два стана и едно моторно возило.

Сепак во податоците од ДКСК никаде не стои дека тој поседува фирма во соседна Бугарија, ниту пак колкави приходи има од истата.

Прашањето кое се наметнува е зошто Јанушев од македонската држава го крие својот имот кој го поседува во соседна Бугарија? Зошто до Државната комисија за спречување на корупција, Јанушев како државен функционер, а потоа и пратеник не дал податоци за неговата бугарска компанија која остварува профит?

Со кое лице Игор Јанушев се појавуваше на протестите против Францускиот предлог, протести со кои Мицкоски тврдеше дека ќе се спречи Бугаризацијата на државата, додека самиот тој поседува каптал во државата која наводно има за цел да ја уништи Македонија.

На овие прашања треба да одговори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, но и македонските институции, најпрвин ДКСК каде иако има обрска Јанушев не го пријавил својот имот, а потоа и обвинителството доколку се покаже дека Јанушев со својот имот се стекнал незаконски со средства кои не се пријавени во Македонија.