Закана за безбедноста на Балканот – САД ќе го вооружува Косово

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на Косово на 246 ракети „џавелин“ за проценета вредност од 75 милиони долари, објави Пентагон. Носители на зделката ќе бидат „Џавелин Џоинт венчур“ (Javelin Joint Venture), составена од компаниите „Локид Мартин“ и „Рејтеон мисајлс и дифенс“ (Raytheon Missiles and Defense).

Вакви ракети САД продаваа и на Украина, која ги гористеше за борба против неукраинското население на својата територија.

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци рече дека Косово ќе биде подготвено да одговори на секој што го загрозува неговиот суверенитет, но и како дел од заедничките меѓународни операции.

„Ракетите Џавелин покажаа ефикасност во Украина, па дури и порано, и ги покриваат нашите потреби да бидеме подготвени да ја браниме нашата земја“

Воените и безбедносни аналитичари сметаат дека обидот на САД да го стави Балканот под воена контрола преку вооружување на Косово, претставува сериозна закана за нарушување на безбедноста во целиот регион. Ова се има особено во предвид поради фактот дека токму Косово и Метохија беа причина за НАТО бомбардирањето на СР Југосваија, односно денешните територии на Република Србија и Црна Гора, што го доведе целиот регион во воена криза, а подоцна, вооружените сили од Косово со помошта од САД и НАТО направија воен конфликт и во Македонија.

После овие случувања и вооружувањето на Косово, факт е дека Македонија поради безбедносни закани не само директно од другата страна на косовската граница, но и преку илегално вооружување на македонските албанци, мора години наназад да носи недемократски политички одлуки кои ја уназадуваат државата. Дополнително сведочиме и на фактот дека за албанските политички чинители не важи законот, без разлика за сомневањата за криминалите кои ги прават и се очигледни за сите.

Дополнително, важно е да потсетиме, дека последниот терористички напад извршен во Македонија беше токму од косовски државјани во кумановската населба Диво Насеље. Дотокот на оружје за терористите сите наоди укажаа дека се од косовска страна.

Дополнително, терористите кои загинаа во престрелките со полицијата беа славени како херои на Косово и со знамиња на голема Албанија, додека за осудените терористи кои се во Македонските затвори, Косово бара нивна екстрадиција, што многумина во Македонија го оценуваат како нивно целосно ослободување. Не смее да се заборави дека процесот за екстрадиција на терористите имено го води Министерот Лога, кој како етнички Албанец, воопшто не крие дека не работи во интересот на Македонија.

Да не заборавиме и дека кога се дозна за скандалот на Онкологија, дека лековите за болните кои буквално беа крадени од македонските пациенти, завршуваа на пазарот во Косово.