Крмов: Европскиот фронт на СДС полн насилници – Ќе го разреши ли Ковачевски директорот на КПД Штап?
- Пратеничко прашање на Борислав Крмов од Левица до премиерот Ковачевски за случајот со нападот на нашиот младинец и студент Јован Јанев, од страна на директорот на КПД, Мики Тодоров.
,,Ова се случува во кабаре Клик во Штип, околу два часот сабајле на 23-ти декември. Неколку пати нашиот младинец е удиран по телото со сета сила од страна на директорот кој што е ваш, кадар на СДС.
Како прво тој е поставен без соодветно образование, без работно искуство, незаконски. 2017 година како советник на СДС физички го има нападнато директорот на ЈКП Исар, Ангел Бојаџиев, потоа има напад на ваша активистка, на ваш член, Емилија Шпигова, којашто била тешко повредена, па доточниот нудел поткуп од 5000 евра за да не дојде случајот во полиција. Во меѓупартиска пресметка на активисти на СДС во село Таринци, каде што повеќе активисти на СДСМ се тепале меѓу себе, учествува, секако, дотичниот Мики Тодоров.
Редовно за него има поплаки за закани на социјалните медиуми до граѓани и во неговото директорување со штипскиот затвор избега Агим Красничи, избега Фејзи Азири, еден од осудениците за ,,Монструм”, и избега уште еден затвореник осуден на доживотен затвор.
Поради поплаки за тортура, триесет затвореници му протестираат со глад. Еден затвореник почина, за којшто затворениците тврдеа дека иако барал медицинска помош лично од директорот, му била ускратена.
За време на неговото директорување, тоа е пракса кај Вас, си ја вработил сопругата, како раководител на сектор во УЈП Штип, и неговата родена сестра, како библиотекарка во основното училиште. Ова ли е европскиот фронт којшто со вакви кадри битка ќе бие против Левица, против „антиевропски фронт“, кој наводно го предводи Левица?
Моето прашање е дали планирате да го повлечете вашиот активист и член и дали извршивте притисок до Министерот за правда да го разреши од директорската функција?”