Морбидно: Владиниот ПР поважен од пациентите во болницата Козле
- Фејсбук статус на Срѓан Ивановиќ
Сопругата купи книжни чинии, пластични чаши и вилушки за една употреба, сокови и витамини. Јас зедов само една книга.
Сигурен сум дека ќе и се допадне, и велам на жена ми, мислејќи на нашата ќерка. Неа ја задржаа синоќа во болницата за белодробни заболувања во Козле, откако лекарите констатираа дека терапијата која таа амбулантно ја прима не делува.
Нејсе. Ненаспани и мамурни утрово се упативме кон болницата, каде на влезот не пречека човек од обезбедување, кој прво ни кажа дека не смееме да паркираме внатре, под изговор дека владина делегација ќе ја посети болницата. Потоа рече и дека само еден од нас смее да влезе внатре, знаете таква била работата ни дообјасни тој. Една е мајка и јас се повлеков, среќа ми текна да и ја додадам книгата, за која сум сигурен дека ќе и се допадне на Миа.
Чекам и цупкам во место, се нервирам. Некој експерт за ПР веројатно смислил генијален план дека на Владата ќе и донесе поен пред избори, доколку делегацијата се појави во болницата. Не нема, си велам јас во себе, особено сега кога ми го попречувте родителскито право. ЗАСРАМЕТЕ СЕ!