АктуелноИнтернационално

Три од петте најсилни светски армии, се армии на земји членки на БРИКС

Според листата на најмоќни армии во светот за 2023 година, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“ три од петте најсилни светски армии, се армии на земји членки на БРИКС.

На прво место е рангирана армијата на САД, која важи за земја која вложува најмногу пари во воениот буџет и врши империјалистички операции на сите делови од светот, а ваквиот резултат е помалку очекуван, ако се земе предвид дека „Global Firepower“ кој ја оценуваше силата на армиите е прозападна.

Потоа, од второ до четврто место следат армиите на земјите членки на БРИКС Русија, НР Кина, Индија. Велика Британија е петто рангирана а по неа следат Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

Армијата на Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“.

Во регионот на Југоисточна Европа, најмоќна армија има Грција која е на 30 место, Србија е 58, Бугарија 59, Хрватска 68, Словенија е 86, Црна Гора 128, а Босна и Херцеговина е на 133 место.

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, финансиите, географијата и ресурсите.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.