Ристов: Нема да има гласање за ДУП-от кај Алумина

Пишува: Бранко Ристов – член на Презедиумот на п.п Левица и Претседател на Советот при општина Карпош

Претседателот на Советот во општина Карпош со своја изјава посочи дека се додека политичката партија Левица има Претседател на Советот, спорниот ДУП за изградба на висококатници кај Алумина нема да биде ставено на гласање.

Оваа изјава произлегува по големите притисоци кои се прават врз општината Карпош и Советот на општината Карпош со цел да се стави на дневен ред овој спорен ДУП кој предвидува изградба на 4500 станови!

Поучени од минатото каде советнички групи и партии обезбедиле мнозинство спротивно од изјавите дадени во јавност пример Ист Гејт и бензинската на Пуцко. Најавувам дека дур Левица има претседател на совет гласање на ДУП за просторот Алумина нарачан од инвеститор со интерес во просторот нема да има!

Изживување врз населението преку коруптивен скандал со неповратни последици нема да дозволиме.