Промоција на каталогот „Градски костими“ денес во Битола
Денес (13 декември ) со почеток од 13 часот во Мала сала на НУ „Завод и музеј“ Битола ќе се одржи промоција на каталогот „Градски костими“ од колекцијата на НУ „Завод и музеј“ Битола, на авторот Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос – советник.
Промотор на каталогот Проф. др. Мирјана Мирчевска, Институт за етнологија и антропологија.