АктуелноЛокално

Политичкиот камелеон претворен во Франкенштајн, ги удри ДПМНЕ и СДСМ со својот камен по глава

Во социјално опкружување на енормна економска нееднаквост, огромна сиромаштија и крајно небезбедна средина во секој поглед од секојдневието – социјална реалност како резултат на 30 годишна корупција, криминал и противправно владеење на политичките елити, појавата на патолошки случаи на насилство, како случајот со убиството на Вања, се само неминовни последици на ваквото опкружување. 

И покрај тоа што нашата редакција, сметајќи дека безумно и крајно неетички е да се политизира со трагичниот случај на Вања, заради што не објавивме ниту една политичка објава изминативе данови, сепак испровоцирани од владејачката партија СДСМ и ДПМНЕ, двете буржоаски партии кои безочно се обидоа преку овој случај да дискредитираат идеолошки и политички противници како и медиуми, кои не им се под контрола на нивните узди одлучивме да го објавиме овој редакциски коментар.

Владејачката СДСМ, преку прес конференцијата на Министерот за внатрешни работи одржана во врска со случајот, трагичниот настан, односно убиството на Вања, го политизира на тој начин што, искористувајќи ја позицијата на власт се обиде политичките ставови на првообвинетиот да ги поврзе во директна корелација со мотивите за убиство и криминал, подвлекувајќи дека првообвинетиот за овој случај, Љупчо Палевски имал политички ставови против воената алијанса НАТО?!  Додека пак ВМРО-ДПМНЕ, преку своите поткупени медиуми и ботовски портали и ФБ страници, се обиде да ја дискредитира политичката партија Левица и нејзиниот лидер, Димитар Апасиев, со тоа што ги изедначи двете страни само поради тоа што и едната и другата, во различно време, биле гости на емисии во исти медиум како трета страна, во овој случај, поткастот на интернет порталот Инфомакс.

Најболната тема во државата, после објавувањето на скандалот за убиствата на Онкологија е убиството на 14 годишното Вања, кое на површина ги изнесе сите политички гнасотилоци на ДПМНЕ и СДСМ, кои тргнаа во валкана кампања без преседан, каде преку спонзорирани постови, се изнамачија да претстават некаква блискост на осомничениот за убиството, Љупчо Палевски, со своите политички противници.

Да видиме навистина кој соработувал со првообвинетиот за убиство, Љупчо Палевски:

Не е тајна дека „популарниот“ Палчо е политичар кој многукратно го има променето својот дрес, дека соработувал со државните служби за безбедност, ниту дека градел згради или развивал свои бизниси под капата на СДСМ или ДПМНЕ, каде очигледно од профитот имало за сите. Но, по обвиненито за убиство, овие две партии, својот „Франкештајн“ се обидоа да го поврзат, со трети политички субјекти, преку објави спонзорирани од портали и фејсбук страници, каде се обидува да се деградира (засега неуспешно) политичката партија со најголем раст во државата, која е сериозна закана за нивните бизнис зделки. 

Иако структурите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, не можејќи да најдат никаква суштинска поврзаност на обвинетиот за убиство, Љупчо Палевски, со партијата Левица, тргнаа да прават незамисливи компарации, каде заради делото за кое се товари обвинетиот, се врши едначење со идеолошките и политички ставови на значително голем дел од македонскиот народ – како да мотивот за убиството е во блиска корелација со ставот и мислењето на било кој Македонец во однос на воената алијанса НАТО, ЕУ, Преспански договор, Договорот со Бугарија, односот на Републиката кон Руската Федерација, новиот деловник на нашето Собрание, рамниот данок, Криминалот на ДУИ, или било кој друг став од политичкатата (трагична) современа реалност на Македонија.

Да се обидеме пластично да го објасниме, Палевски гостувал на Алфа телевизија, каде поголема е веројатноста да најдете суштество од друга планета отколку гостин кој не е од ДПМНЕ во нивните емисии, и да вие тоа ги поврзете и кажете дека, еве оваа телевизија и оваа партија соработуваат со Палевски… Истото важи за Телма и СДСМ, исто важи и за многу кои пренесувале негови ставови во етерот. Патем, овие две ТВ куќи ги спојаву нивната цензура кон една иста политичка партија. (Левица). Да потсетиме, партија која со 1300 амандмани го држи во блокада Законот за државен поткуп на медиумите.  

За она што го прави СДСМ не треба повеќе да се зборува, Љупчо Палевски е нивен сопартиец и тие по оваа тема, како и за се останато, се целосно разобличени на политичката сцена, а деновите им се бројат. Но, неразбирливо е впуштањето на ВМРО-ДПМНЕ во оваа валкана игра, во која беспотребно напаѓајќи ја Левица си ја поткопуваат својата улога на опозиција.

Редакцијата на Антропол, ниту имаше намера, ниту сакаше да  учествува во перпетуирањето на ова политичко-медиумско лудило на медиумската очај манифестирајќи се јавно од медиуми како Радио Лидер, порталите Курир, Република, како и бројни други страници на социјалните мрежи кои треба да градат некакво јавно мислење. Но, после гротескните невистини и лаги истурени од вакви и слични медиуми, во кои се обидува да се извалка нечиј политички образ, со ниски удари, одлучивме да објавиме фотографии од политичките ставовите на обвинетиот, што содржат заедничкото кокетирање од кое е видна јасната соработка на Мицковски и Палевски за кои нема да коментираме.