РНП – ФРОНТ – Со пофалби и благодарност за Пленумот на Левица
- Револуционерната народна партија ФРОНТ, од соседна Србија, беше еден од политичките субјекти, кои од оваа земја присуствуваа на Пленумот на Левица. Позитивно изненадени од севкупната организација, тие за јавноста споделија соопштение во кое се изразуваат пофалбите за досегашните успеси на партијата. Во прилог ви го пренесуваме целото соопштение:
Tри децении од нивната разделба Македонија и Србија тапкаат на самото дно во Европа. Додека во случајот со Србија, колективниот Запад мораше да интервенира, во форма на брутални санкции, бомбардирање и окупација на дел од територијата, за да ја скрши легитимната социјалистичка опција и со тоа да започне апсолутната колонизација на земјата, во Македонија домашната компрадорските елити направија поперфидна работа што ја спушти нашата братска земја во иста кал: приватизација, либерализација и дерегулација на пазарот, деиндустријализација, уништување на домашната економија, социјална беда, нарушување на интегритетот на државата, албански иредентизам, губење на суверенитетот, владеење на западниот капитал и западните амбасади.
Сепак, империјалистичките методи кои не доведоа до истиот резултат направија некои значајни разлики. Голата сила на империјализмот му остави на српскиот народ свежи рани, гнев и народен сомнеж кон Западот, што ги принудува компрадорските елити да имаат поголем степен на прагматизам, поосмислено да спроведуваат антинародни политики. И тоа, за жал, делумно вроди со плод. Од друга страна, ароганцијата на македонската елита нема граници.
Официјална промена на името на државата, уништен национален идентитет, поклонување на албанскиот реакционерен национализам, влез во НАТО, уривање на животниот стандард, масовна корупција и непотизам, спуштање на платите на ниво на џепарлак, признавање на лажната држава Косово и со тоа отворање на пандорината кутија за сецесионистички процеси во сопствената држава. Од понижување до понижување кое тивко течеше. Дали мислеа дека ропството може да остане без одговор? И стигна одговорот во авангардната партија: ЛЕВИЦА!
Сега парламентарна партија, зајакната и полна со самодоверба, Левица го одржа вториот партиски пленум во Скопје на 2 декември. И каков пленум! Конгресната сала беше исполнета со делегати до последно место и со меѓународна поддршка од братска Србија, Ирска, НР Кина и Русија.
Ако сакаа на пленум да ја искажат својата идеолошка насока и ако доследно ја спроведуваат, тогаш можеме да заклучиме дека се на добар пат. По културната програма која го означи почетокот на пленумот, збор зеде раководството на партијата кое истакна дека ја препознава фината нишка што ги поврзува теоријата и практиката и на тој начин им дава револуционерна облека.
Примарни идеолошки одредници беа: антиимперијализмот, левиот патриотизам, антикапитализмот, антиклерикализмот, борбата против западните невладини организации и антииредентизмот. Беа поставени следните практични внатрепартиски цели: сузбивање на редовите, самопожртвуваност, милитантност, чистење на либералите и троцкистите, антиклиентелизам и антиелитизам.
Делегатите од Србија беа почестени со доделување на статуетка која претставува признание за нашето политичко дело, а за нас го симболизира и братството на нашите народи и нашите две партии.
Партијата која пред половина деценија имаше неколку десетици членови, сега е објективна политичка сила во Македонија. Тоа само укажува дека огромното и расфрлано народно незадоволство лесно се канализира кога се организираат поединци кои ја препознаваат гладта за благородна политика кај народот. Претседателот на Левица Димитар Апасиев и членот на Президиумот Борислав Крмов се народни пратеници во Собранието на Македонија и според се по следните избори ќе има многукратно поголем број соборци. Освежувачки е да се види како Македонците ѝ вртат грб на налудничавата политика на еврофанатизмот и полека и стабилно се враќаат на патот на националниот суверенитет.
Им благодариме на нашите соборци за гостопримството и посветеноста на политичката работа.
Да живее Левица!
Да живее Република Македонија!
Да живее Република Србија!
Долу ЕУ!
Долу империјализмот!