(Видео) ДПМНЕ се жали на трибина – Не можеме чистачки за дома да си најдеме

На социјалните мрежи се појави видео во кое говорник на трибината на партијата која ја раководи Мицкоски – ДПМНЕ, во која еден од дискутантите се жали дека ситуацијата на пазарот на труд е до толку лоша што партиските функционери од оваа партија не можат да си најдат чистачки за дома.

Видеото од кампањата на ДПМНЕ насловена „Важно е“ брзо се рашири на социјалните мрежи, а се појавија и фотографии кои кампањата ја пренасловија во „Тажно е“, најголемо внимание привлече фотографијата на која пишуваше „Најважно е чистачка по дома да си имаш“.

Под видеото имаше лавина од негативни коментари од граѓаните, во нив можеше да се прочита навредата која ја чувствуваа посиромашните граѓани и работниците на пониски работни позиции. „Нашите мајки се ваши чистачки“, „И гласовите на чистачките се бројат на избори“, „Срамно е колку го потценувате обичниот човек и работник“ беа само дел од коментарите на граѓаните кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи.

Портпаролот на Левица, Мециновиќ кој го сподели видеото напиша: „Ова е на кое ниво резонираат милионерите-десничари за економска политика и ПАЗАРОТ НА ТРУД. Немало жени да им ги чистат палатите, а нивните фирми доволно работници да експлоатираат!“