АктуелноЛокално

Заев и Мијалков помеѓу најголемите должници на УЈП

Реацкија на Левица – Политичка економија

Фирми на фамилиите Заеви и Мијалкови се најдоа во врвот на листата должници што ја објави Управата за јавни приходи. Според извештајот на УЈП вкупно 5.105 фирми и граѓани имаат доспеани долгови до 31 јули, а не ги платиле до 31 октомври. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупно објавениот долг кој УЈП го објави изнесува 147.4 милиони евра што е за 14 милиони евра повисок од минатата година. Најголемите долгови произлегуваат од даноците, придонесите и царинските давачки кои приватните лица ги немаат исполнето кон државата.

Според извештајот, фирма за чиј сопственик се јавува Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков е една од најголемите должници кои немаат платено давачки кон државата. Фирмата „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотелот Мериот, има долг од нешто над два милиони евра, односно 128,5 милиони денари за ДДВ и данок на добивка.

Трајче Заев, кој е братучед на екс премиерот Зоран Заев, се јавува како сопстевник на фирмата „Фероцем Плус ДОО Струмица“, основана во јуни 2017 година. Трајче Заев и неговиот партнер Јанко Јанев вкупно должат 2 милиони евра за ДДВ.

Ова е одличен пример за тоа дека олигарсите кои имотот го имаат заработено во матни зделки и врз грбот на работникот воопшто не се грижат за благосостојбата на држава туку само за својот џеб.