СДС-ДУИ-ДПМНЕ против Левица: Спремни со физичко насилство врз пратеници да ја рушат демократијата
Реакција на политичката партија Левица
Ја информираме јавноста дека на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, СО ШВЕРЦ БЕЗ ПРЕСЕДАН, да го донесе новиот Деловник!
Иако #Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права!
Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и ФИЗИЧКИ да го бранат народниот мандат