АктуелноЛокално

Апасиев: Договорено е физичко вадење на пратениците од Левица само да помине деловникот

  • На пленарната Седница во Собранието на РМ закажана за денес се наоѓаат предлог измените во Деловникот за работа на Собранието, согласно кој, се дава апсолутна моќ на владејачкото мнозинство и практично се укинува опозицијата. Апаиев на социјалните мрежи напиша дека СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ овој шверцерат го имаат испланирано заедно и соопшти дека се спрема физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, кои со амандмани ги блокираа измените, само за да поминат овие измени. Во прилог ви го пренесуваме неговиот статус:

Се спрема финалниот ШВЕРЦЕРАТ во Собранието на Северна!

СДС-ДПМНЕ-ДУИ vs Левица.

Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна.

Епа, ОК.

Предизвикот е прифатен. Кад је бал, нека биде маскенбал.