АктуелноИнтернационално

Американска воена академија: Америка не би издржала ни две недели војна со Русија

Додека целиот свет со големо внимание ги следи бруталните напади на израелската армија врз Газа, во меѓувреме, поради војната во Украина, тивко и речиси незабележливо се случува тектонска промена на политичката сцена во светот – американската армија , до сега неприкосновената сила, се лизна во очите на светската јавност од својот пиедестал. Ова произлегува од рангирањето што неодамна го објави американскиот “US News and World Report” врз основа на резултатите од глобалното истражување во кое учествувале повеќе од 17.000 испитаници од 36 земји, но не и од Русија. И покрај тоа, Русија се проби во првите три земји во индексот на моќ, кој зема предвид пет фактори: лидерство, економско влијание, извоз, политичко влијание, учество во меѓународни асоцијации и воена сила.

Овој факт е исклучително важен за сите оние кои се свесни дека секоја војна е, како што рекол Клаузевиц, „продолжување на политиката со други средства“. Очигледно е дека Америка го губи првото место на полето на кое беше водечка и важеше за најсилна во светот.

Но тоа не е сè – Американска воена академија објави специјален документ, еден вид апел до вооружените сили на САД итно да се прилагодат на современиот начин на војување, а сето тоа се заснова на “лекциите” научени во Рускиот конфликт со Украина. Документот привлече големо внимание во професионалните кругови бидејќи содржи многу зачудувачки признанија.

Меѓу другото, официјалната американска воена академија во споменатиот документ признава дека против Русија, во конфликт сличен на оној што моментално се води во Украина, американската армија би претрпела повеќе жртви за само еден ден отколку во текот на 20-те години војната во Авганистан (2001 -2021).

Згора на сето тоа, американските воени аналитичари пресметаа дека американската армија, со оглед на резервите со кои располага, може да поднесе таква загуба најмногу две недели. Врз основа на таа анализа,

Воениот колеџ повикува на повторно воведување на воената обврска, иако по дебаклот на Виетнамската војна, САД беа тие кои воведоа професионална армија и ја пропагираат како најдобар можен модел. Новите анализи, пак, покажуваат дека армиите од НАТО пактот во сличен конфликт, како што е украинскиот, брзо би ја потрошиле расположливата жива сила и би останале без војници.

Покрај тоа, Академијата утврди дека периодот обележан со украинскиот конфликт претставува „најголемата пресвртница“; во воената историја во последниот половина век.

Најважниот дел од целата анализа, која брутално ја сецира лошата состојба на американската војска, е откритието дека Америка, соочена со војна како украинската и противник како Русија, мора да смета на загубата на најмалку 3.600 војници дневно. За споредба, во текот на две децении борби во Ирак и Авганистан, загинаа околу 50.000 Американци. Овие податоци ги побиваат тврдењата за „слабоста на руската армија“, кои постојано ги повторуваат западните медиуми и водечките политичари.

Од анализата на врвните американски воени експерти, произлегува дека конфликтот во кој Русија е ангажирана година и пол, Америка не би траела ниту половина месец, а капитулацијата веќе би била на повидок!

Дополнително, проекцијата на Воениот колеџ предвидува „потреба од 800 нови регрути дневно“; со цел да се издржи војна со таков интензитет и да се надоместат загубите, што отвори дебата за големите недостатоци во постоечкиот систем на резервисти.

Во 1973 година, Америка имаше 700.000 војници во резерва, а во 1994 година таа бројка падна на 450.000. Денеска бројот на резервисти е речиси симболичен – само 76.000. Јасно е дека таквата “резерва” не би можел да ги пополни празнините во активните сили, а камоли да ги замени ранетите борци и да ги зајакне трупите за време на борбените операции во целосен обем.

Изградбата на единици за големи борбени операции најверојатно ќе диктира промена на составот на сегашната (професионална) американска армија и пренасочување кон, најпрво, делумно регрутирање, предупредува Воената академија на САД. Новитетот имплицира нови стапици, бидејќи имплицира дека во иднина „обичните Американци“ ќе мора да одат во американски војни низ светот, а не само воени професионалци. И со сила – во буквална смисла на зборот.

Несомнено е дека мобилизираните или регрутираните поединци ширум светот немаат дилеми кога станува збор за одбрана на сопствената земја, но да се убедат истите тие војници всушност да ја бранат својата татковина дури и кога се борат илјадници километри подалеку од дома – изгледа како невозможна мисија. И покрај тоа, има се повеќе повици до американската војска повторно да воведе регрутација. Но растат и реакциите на Американците кои ги користат социјалните мрежи за да го предупредат Пентагон дека не доаѓа предвид да се носи униформа на армија што извршува нелегалните и насилни воени интервенции низ светот растат со иста сила.

Заеднички именител на сите тие реакции на најавата за воведување регрутација е дека попрво ќе гнијат во затвор отколку во името на „чичко Сем“. да ги убиваат жителите на некоја непозната земја кои ја имаат несреќата што нивната татковина е богата со нафта или гас или некое трето богатство…