Катастрофална состојба на спортската сала на УКИМ – Оставена да пропаѓа од МОН и УКИМ
- Реакција на Левица – Сектор спорт
Спортската сала на УКИМ е во катастрофална состојба а МОН и УКИМ наместо да ја користат си ја префрлаат топката за одговорност!
Внатрешноста на салата е полна со ѓубре, столчињата на трибините се искршени, ѕидовите ишарани со графити. Запуштената сала со години е резултат на неодговорноста на МОН и УКИМ да ја користат и покрај тоа што имале услови за студентите да спортуваат во неа.
За салата да се изгради во 2013 година, потрошени се 2.5 милиони евра, а тендерот тогаш му припадна на фирмата Алконпроект. И откако се изгради и се потрошија милиони се уште не е пуштена во употреба!!!
Левица бара одговорност од МОН и УКИМ за ваквата катастрофална состојба на салата и бара веднаш истата да се расчисти од ѓубрето и да стави во употреба на студентите!