(Фото) За да се вработите во „Бехтел и Енка“ треба да владеете „северномакедонски јазик“
Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кому од Владата без тендер и нетранспарентно му беше овозможено да ги гради коридорите 8 и 10Д, за кого со европско знаменце беа направени законски измени со кои се згазија работничките права и уставот на државата, а без никакво отпочнување на градежни активности уште на 28 јули му беа префрлени 7,2 милиони евра, објави оглас за вработување во кои се бара кандидатот да има „северномакедонски мајчин јазик“.
Овој оглас освен дискриминирачки, Македонците го оценуваат како крајно навредлив и потценувачки. Граѓаните сметаат дека е срамно за конзорциумот кој веќе остварува милионски профити од џебот на македонските граѓани, да добиваат навреди од ваков тип.
Се поставува прашањето дали Владата ќе реагира на оваа погазување на македонскиот јазик, кое доаѓа од фирма на земја која за нив е најголемиот стратешки партнер на државата.