АктуелноЛокалноСтав

Фестивал на кој се слави македонската алтернативна музика и се дава почит на партизаните, мора да опстои и продолжи.

  • Фејсбук статус на Жарко Масларковски

Драги другари и другарки!!!

По еден ден кој ни требаше да се одмориме накратко да ви ги сумирам впечатоците за второто издание на фестивалот ОСЛОБОДУЕЊЕ НА СКОПЈЕ 2 .

Оваа година се кршеа “КОПЈАТА” размислувањата да се прави или не, да се даде продолжена борба или да угине фестивалот по само едно ПРВОТО издание.

“Управниот одбор” на Двете Гаражи долго дискутираше и реши дека овој фестивал на кој се слави македонската алтернативна музика и се дава почит на ослободителите на Скопје, партизаните, мора да опстои и продолжи. Бидејки понеделник е тежок ден за концерти и забава решивме да го направиме во Олд Скул кај другарчето Влатко Зајч Митревски кое ни понуди отворена куќа и чувство на домаќинлук, за што сме му бескрајно благодарни и дури решивме како и колку да расте овој фестивал, програма мора да има секој 13 ти ноември и во Олд Скул.

Благодарност до Катран, Д Далтонс, Жолтиман и Пука Козметика за прекрасните моменти и настапите. Диџеј Жолтиман започна со првиот сет и ја размрда публиката. Фестот официјално започна со мал, но многу инспиративен говор на Vojdan Zaprov во чест на празникот и ослободителите.

Потоа Катран отсвирена еден сплет од 4 песни од кои никој во Олд Скул не остана рамнодушен и беа наградени со огромен аплауз. За старите рапери од Пука нема да ви пишуем за да не си хранам егото но на петата песна замириса на слобода и легализација. Фестивалот го затворија култните Д Далтонс и фронтменот Darko Foockin Keskec буквално звучеа и личеа на бендиштето, кое се уште од дамнини, епско Баки лудило!!!

Диџеј Жолти со вториот сет полека прогласуваше фајронт.

Огромна благодарност до сите кои дојдоа на фестот, посебно фала до фотохроничарот Zdenko Petrovski што не посети и направи неколку од своите уметнички епски фотографии.

Најпосле е редно и да ви се обзнани дека сите учесници се сложија парите од билети и дел од прометот од шанкот како и парите кои требаше да ги дадеме за бинска опрема кај Оли сите сложно и братски одлучивме да одат како донација за нашиот брат Gricko Dodevski.

Се гледаме догодина на третото издание!!!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ

СЛОБОДНО СКОПЈЕ

ОСЛОБОДУЕЊЕ НА СКОПЈЕ

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ

Наскоро кратко видео од фестивалот