Империјализмот на САД продолжува – Изврешни над 40 американски напади во Ирак и Сирија

Соединетите Американски Држави по вторпат во последните неколку денови изведоа напади во Сирија врз објект за кој Пентагон тврди дека го користи Иранската револуционерна гарда и придружните, додека вооружен дрон ја нападна воздухопловната база Ал-Харир на северот на Ирак во која се сместени американски сили.

Во екот на зголемување на тензиите на Блискиот исток, поради геноцидот кој го врши Израел во Газа, американските вооружени сили и коалициски трупи, веројатно со цел да го заштитат Израел од евентуални напади на земјите од регионот кои се против злосторствата и убивањето деца што ги врши Апархејдот, САД извршија најмалку 40 напади врз цели во Ирак и во Сирија од почетокот на октомври.

Министер за одбрана на империјата, Лојд Остин соопшти дека во нападите во Сирија биле вклучени два американски авиона од типот Ф-15 и оти станува збор за одговор за неодамнешните напади врз американски единици. Причина за ова „Гласот на Aмерика“ државно платениот медиум за пропаганда на САД го наведе тоа што Четириесет и пет американски војници претрпеле трауматски повреди на мозокот или полесни рани.

Остин порача дека нападите врз единици на САД мора да престанат.

„Ако продолжат нападите од сили кои ги поддржува Иран врз американски војници, САД нема да размислуваат за преземање на натамошни потребни мерки за да ги заштитиме нашите луѓе“, изјави Остин.

Министерот за одбрана на САД очигледно смета дека окупациските бази на Блискиот исток се оправдани, но дали ќе беше така доколку земјите како Сирија и Ирак имаа воени бази и ги крадеа природните ресурси на САД.