Унгарија ќе стави вето доколку ЕУ се обиде да го ограничи увозот на енергенси од Русија

Унгарија ќе стави вето на секоја иницијатива на ЕУ што може да доведе до ограничување на увозот на енергенси од Русија, изјави владиниот портпарол Гергели Гуљаш на „HirTV“.

„Јасно ставивме до знаење дека никогаш нема да го поддржиме проширувањето на санкциите од Европската Унија против Русија во енергетскиот сектор“, рече тој.

Рестриктивните мерки бараат едногласност на земјите од ЕУ, а бидејќи нема, Европската комисија нема да може да воведе ембарго на руските енергетски ресурси, потсети Гуљаш.

Тој исто така истакна дека Европската Унија нема усвоено никакви санкции кои го оневозможуваат плаќањето на рускиот гас во рубљи и дека тоа е регулирано со граѓанско-правен договор меѓу државите и компаниите.

Минатата недела и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека некои европски компании кои увезуваат руски гас веќе се согласиле со шемата за плаќање во рубљи предложена од Москва, но тоа не го признаваат во јавноста и шират лаги за ставот на Будимпешта преку прозападните медиуми.

На почетокот на април, премиерот Виктор Орбан, исто така, објави дека е подготвен да го плати гасот во рубли. Покрај тоа, тој одби да испорача оружје на Киев. Поради ова, унгарскиот претседател заврши во базата на податоци на озлогласениот украински веб-сајт „Миротворец“.