Левица: Ахмети се поклони пред картата на Голема Албанија – ДУИ шири ефтин национализам
- Реакција на Левица – Сектор Политички систем
Али Ахмети отвори музеј на УЧК во кумановското село Сопот, каде се изложени се и фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографии од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети кои на отварањето заедно со останатите присутни се поклони на карта од “голема Албанија”.
Овој е само последниот чин на Ахмети, ДУИ и останатите албански партии кои континуирано промовираат албански ултра-национализам, етно-трибализам и сецесионизам, паразити кој живеат и се богатат на грбот на обичниот македонски граѓанин додека сонуваат и работат за создавање на друга држава.
Овие чинови покрај тоа што даваат сериозен удар на унитарноста на Македонија како држава, сериозно наштетуваат и го оневозможуваат соживотот помеѓу македонците и албанците. Покрај милионите евра потрошени (украдени) за градење на „соживот“, македонците и албанците никогаш не било посегрегирани. Наместо да се гради соживот базиран на антифашистичката борба кога македонци и албанци, рамо до рамо го избркале фашистичкиот окупатор, во Македонија се градат споменици на балисти.
Оттука Левица смета дека ова е беден обид на замајување на албанскиот и македонскиот народ со “ефтин национализам” и продлабочување како и предизвикување на нови меѓуетнички тензии во Република Македонија со цел политичките елити да продолжат да крадат, се ова во време кога се наоѓаме во економска и социјална криза и самото обезбедување на основните продукти за пристоен живот станува вистински предизвик.