(Видео) Црвена Младина до СДС: Немате образ, со кое лици положувате цвеќе?

Со едноминутен молк и положување свежо цвеќе на спомен костурницата на Исарот започна чествувањето на 8 Ноември, денот на ослободувањето на Штип. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели, сппоменувајќи ги штипските херои и поклонувајќи се пред нив го започнаа одбележувањето на 79 роденден на Штип.

Пред 79 години започна новата историја за Штип која во годините наназад донесе слобода и многу промени. Чест им се одадде на штипските великани Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Љупчо Арсов и генерал Мијало Апостолски.

Кога делегацијата на СДС пријде да положи цвеќе на споменикот, од Црвена Младина остро се обратија до нив: „Со кое лице положувате цвеќе? Ќе им објасните ли на мртвите дека администратори ги убиле? Како ќе им објасните на мртвите? – На живите не успеавте“ – беа зборобите упатени до делегацијата.

Во официјалното соопштени на Црвена Младина, каде е споделено видео од инцидентот стои: „Македонскиот народ не заборава и нема да им прости на оние кои фашистите ги нарекуваат администратори!