Јакимовски во обид шверцерски да се донесе ДУП за Влае 2 и да продолжи со бетонизација на Карпош
- Реакција на Левица Карпош
Пред само 3 месеци беше поништен регулацискиот план за овој дел од Влае, а општинската администрација повторно се обидува да го помине овој план пред јавноста, со минимални измени.
Одбиениот предлог беше оспорен поради повеќе штетни точки кои тој ги предвидуваше, како на пример станбен комплекс од 12 спрата наместо парк, верски објект на место на инклузивно детско игралиште, вцртување нова улица и паркинзи во деловите околу основно училиште и во просторот за зеленило, итн.
Во обид да избегне повторна блокада на овој предлог, односно да ја заобиколи вољата и интересите на жителите на Влае, Јакимовски дава минимален рок и остава само 5 дена за граѓаните да извршат увид и да поднесат забелешки до општината.
Дополнително, овој пат анкетните листови се прифаќаат само во просториите на Општина Карпош, а не и во месната заедница во Влае, со што дополнително се комплицира целата постапка.
Левица, заедно со жителите на Влае и другите организации кои ја поддржуваат оваа битка, ќе направи се за да спречи желбите за профит на инвеститорите да надвладеат над интересите на карпошани!
Контактирајте нѐ за дополнителни информации околу овие промени во планот, асистенција за пополнување и поднесување на анкетни листови, или со ваши забелешки за истиот.
1. Анкетен лист – https://karpos.gov.mk/…/08/5.-SZ-19-_-Anketen-list-1.pdf
2. Синтезен план – https://karpos.gov.mk/…/2017/08/7.-Sintezno-SZ-19.pdf
3. Соопштение – https://karpos.gov.mk/…/2017/08/Soopstenie-SZ-19.pdf
Време на излагање – Од 24.10.2023 до 30.10.2023, секој работен ден, од 07.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Карпош.
Јавната презентација за јавноста ќе се одржи во бараките на Општина Карпош во четврток (26.10.2023) со почеток во 13:00 часот.