Под странски патронат СДС и ДПМНЕ ги сведуваат пратениците на обични чиновници
- Секвенци од говорот на Димитар Апасиев – пратеник од Левица во Собранието на Република Македонија по однос на измените во Деловникот за работа на Собранието
Но, јас знам, на тие средби со странските амбасади, кадешто сте вие класични вазали, без оглед дали сте мејнстрим опозиција или власт, вас ве лажат дека, не СДС – ДПМНЕ ќе дојде на власт; не ДПМНЕ – СДС ќе дојде на власт. Затоа вие со нивен амин и благослов, се втурнавте во ваков процес, којшто, според наша проценка е душмански, антиопозициски. Таков е, затоа што сите мислите дека после наредните избори, ќе бидете власт.
Значи, суштината, мислам дека и јавноста е малку свесна за опасностите коишто се носат, затоа што ова е, горе-долу, висока политика. Тука граѓаните не ги интересира. Меѓутоа, во суштина, парламентот, со овој деловник се претвора во една бирократска машина за штанцање на лоши закони. Интенцијата е пратениците да станат обични чиновници, кадешто ќе им се мери времето, ќе има рокови, денови и т.н. Настрана тоа што е технички слаб, како што напоменаа и некои претходни говорници, тој е поголем по обем, но тоа не го прави подобар по квалитет и има повеќе реченици во еден ист став, нема наслови на членовите, што го прави тежок за снаоѓање и вештачка расцепканост, или вештачка споеност по членови.
Но, надвор од тоа, мислам дека суштина е што овој деловник не ги решава проблемите кои ние сме ги воочиле. Ние, како пратеници сме ги воочиле, без оглед дали од овој или од претходниот парламентарен состав и ги легализира истите тие. Што значи, во иднина ги перпетуира. Веќе зборуваше професорката за двојазичноста.