АктуелноИнтернационално

Ниту една помош досега не стигнала до 2,3 милиони жители на Газа

Илјадници Палестинци бегаат на југот на Газа откако Израел им рече да се евакуираат од северот – па потоа ја бомбардираа таа област. Во последниот напад на бегалски конвој загинаа најмалку 70 лица, а околу 200 се повредени.

Во израелските воздушни напади врз конвоите кои бегаат од градот Газа, повеќе од 320 Палестинци се убиени само во изминатите 24 часа, меѓу кои многу жени и деца, соопштија здравствените власти.

Илјадници Палестинци избегаа во јужниот дел на Газа откако Израел ги предупреди да го евакуираат северот пред планираната копнена офанзива против Хамас.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци вели дека нејзините засолништа во Газа повеќе не се безбедни, бидејќи вода се повеќе снемува за 2,3 милиони жители на опколената енклава.

Најмалку 2.215 Палестинци се убиени, меѓу кои 724 деца, а 8.714 се ранети во израелските воздушни напади врз Газа. 

„Ние сме затворени од целиот свет“, рече Јумна Ел Сајед дописник за Ал Џезира, додавајќи дека тамошните семејства ги пречекуваат оние што бегаат од север во своите домови.

„Во секој стан има од 20 до 30 луѓе кои престојуваат заедно. Многу роднини и пријатели се јавуваат да прашаат дали има простор за сместување. 

Околу 270.000 раселени лица се засолнети во 102 училишта управувани од агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА.

Ниту една помош досега не стигнала до 2,3 милиони жители на Газа, медицинските материјали и горивото за напојување на болниците се при крај.

Палестинско дете рането во израелски воздушни напади е донесено во болница во Кан Јунис

Палестинците бараат луѓе под урнатините по израелски напад

Редиците за вода се подолги, а вода се помалку…