Коалицијата ДПМНЕ – СДС- ДУИ изгласа незаконска албанска паралелка во Велес

    • Реакција на Политичката Партија Левица

    По августовскиот обид, насилно и НЕЗАКОНСКИ да се оформи паралелка на албански наставен јазик во велешката гимназија „Кочо Рацин“ (составена од ученици со помал број бодови отколку што е предвидено со Конкурсот за упис), министерот Шаќири не се откажува од своето самоволие.

    Овојпат на удар е економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес. Иако во конкурсните услови е прецизно предвидено дека за упис во гимназија, како и во паралелки од здравствена и економска струка неопходно е учениците да имаат најмалку 60 поени, министерот дал СОГЛАСНОСТ во училиштето да се изврши упис на ученици кои имаат и под 40 поени!

    Оваа незаконска одлука на најнеспособниот министер за образование на вчерашната седница на Советот на општина Велес доби зелено светло. Советниците на криминалната оска ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ се ставија на страна на беззаконието што го промовира министерот Шаќири и гласаа ЗА оформување ваква паралелка!

    Советниците од #Левица гласаа ПРОТИВ и денес ќе поднесат ПРИЈАВИ до Државниот просветен инспекторат и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи ваквото самоволие ги става во понеповолна ситуација сите ученици кои биле одбиени за упис во споменатата струка.

    Јавно го прашуваме Мицкоски – какви заткулисни договори преговара со квинслишките партии на СДС и ДУИ и што ќе добие за возврат за легитимирањето на ваквата штетна и незаконска одлука?

    Уште еднаш се потврди ставот на Левица дека овие три партии се здружени во рушењето на македонската државотворност и дека сите заеднички сносат ОДГОВОРНОСТ за бришењето на конститутивните елементи на Републиката!