АктуелноЛокално

Левица со поддршка на протестот против продажбата на Чебрен

Соопштение на политичката партија Левица

#Левица ја поддржува денешната иницијатива на македонските инженери за протест против одлуката за доделување на концесија за користење на водата на Црна Река од страна на грчката компанија “Архиродон”. Оваа одлука на Владата на Македонија треба да се преиспита и крајно да се повлече поради негативните последици кои може да ги има за македонскиот народ и за природните ресурси на државата, како стратешки точки.

Безрезервно ги поддржуваме барањата на граѓаните за тоа дека македонските води, природни ресурси и капацитети не треба да се продаваат или узурпираат од странски или домашни компании. Чебрен треба да биде државен проект, а не да се подарува или распродава на странски интереси – бидејќи таа има стратешко значење за енергетската независност на Македонија и може да допринесе за остварување на домашните енергетски цели и потреби.

Чинителите од сегашното владино мнозинство, наменски и систематски ја онеспособуваат можноста Република Македонија да стане енергетски независна држава, во чекор со времето – бидјеќи според нашите меѓународни обврзувања, во иднина, треба да се затворат капацитетите за производство на енергија преку необновливи ресурси – токму затоа, Чебрен мора да остане во народна сопственост.