АктуелноЛокалноОгледало

На денешен ден германските окупаторски сили ги извршиле масакрите кај селата Прждево и Бесвица

Со цел да обезбедат посигурно минување по линијата Солун-Скопје-Белград, германските единици решиле да зададат удар кон народноослободителното движење во реоните каде поминувала железничката линија.

На 6 октомври 1944 година навлегле во село Прждево и ги стрелале селаните: Вано Минов, Галепче Стојанов, Димо Колев, Трајко Колев, Ѓело Захарчев, Милан Стојанов, Димитар Стојанов, Јано Петров.

Истиот ден во село Бесвица и ги стрелале селаните: Абас Ахмедов, Абрулазим Максудов, Амед Авзиов, Амед Беков, Алил Браов, Асан Нурединов, Вели Максудов, Ибраим Реџепов, Ибраим Зејнелов, Мемед Смаилов, Мемед Јуруков, Смаил Дураков, Фаик Реџепов, Феим Демиров, Абас Мемедов, Амед Максудов, Али Шакиров, Велим Мустафов, Асан Селманов, Вели Реџепов, Ибраим Шарибегов, Ибраим Ашимов, Ибраим Аметов, Мамут Башов, Мустафа Алимов, Назим Јуруков, Рашид Асанов, Хусеин Налпаров, Сабри Неџипов