Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти
Случајот со 17-годишното аутистично момче Анес Абдуловски од Битола кое било врзувано со јажиња во Психијатриската болница во Демир Хисар, а кое според изјавата на министерот Фатмир Меџити било лекувано според протокол, ја згрози јавноста и веднаш се побара одговорност најниско до највисоко ниво.
Родителите на Анес кој бил сместен во Демир Хисар поради нервозата и агресијата која ја покажувал во пубертетот, а кој е најтежок период за момче со дијагностициран аутизам, за „А1он“ ја раскажаа тортурата која се вршела врз нивното дете, но не знаат каде да се обратат и од кого да побараат одговорност за грозоморниот чин на третирање на пациент.
Министерот Меџити рече дека детето било лекувано според протоколите кои ги давале експертите по психијатрија. Тој не кажа дали ќе побара одговорност од директорот на оваа инстититуција или ќе си продолжи да си функционира како директорот на Психијатриската клиника во Бардовци кој не забележал дека пациенти во судското одделение тепаат и снимаат видеа со други пациенти за да ги објавуваат на социјалните мрежи.
И двете клиники ги водат луѓе кои немаат допирна точка со здравството. Директор на Психијатриската болница Демир Хисар е м-р Ивана Кочовска која е магистер на правни науки и функионер на СДСМ.
Вршител на должноста директор на Психијатриската болница во Скопје е Мухсин Арифи, дипломиран архитект и доаѓа од Алијанса за Албанците.
Единствено, директорот на ЈЗУ Псхијатриска болница Негорци, д-р Боне Стефановски е лекар по професија, односно психијатар.
Ова го дозволува Законот за здравствена заштита кој е донесен во 2012 година и претрпел 13 измени до 2016 година. Во член 104 се вели дека за директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
„да има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
– има минимум пет години работно искуство и положен испит за директор согласно со овој закон;
– понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа“.
- Тесктот е превземен од a1on.mk