АктуелноЛокално

Левица: Пензионерите извисени – наместо 6,8% пензиите зголемени за 5,3%

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

По низата на протести кои изминативе месеци ги организираа пензионерите, Владата не само што не им ги исполни барањата, туку и го намали најавуваното зголемување на пензиите од 6,8% на 5,3%.

Дали Владата на овој начин ги дисциплинира пензионерите, кои што бараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари ?!

Со ова Владата покажува дека нема намера ниту да ги слушне, а уште помалку да ги исполни барањата на пензионерите.

Дали информациите дека ПИОМ е нефункционален се лиферувани со цел да се заплашат пензионерите дека постои можност воопшто и да не земат пензија, со цел да се откажат од барањата за линеарно покачување и утврдување на минимална пензија?

Владата наместо да ги заплашува и дисциплинира пензионерите, под итно да превземе мерки за подобрување на пензискиот систем во државата, започнувајќи најпрво со ревизија на списоците на пензионерите!!!

 

Линк до реакцијата: https://www.facebook.com/levica.socijalen.sektor/posts/pfbid02su51SHLmQjZwz5HqCXgK8ec26SVD9VW9CyyuVz2ud7xfubXDx9PAzqPp96DNdJnkl