Рускиот центар објави конкурс за изучување на рускиот јазик бесплатно
Рускиот центар објави конкурс за запишување слушатели на курсот по руски јазик во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година.
Рускиот центар при УКИМ за учебната 2023/2024 година објавува слободни места на бесплатниот курс по руски јазик и тоа за:
1. Основно рамниште
– прв степен(A1) – 70
– втор степен (А2.1) – 50
– трети степен (А2.2) – 40
2. Средно рамниште
– прв степен – 40
– втор степен – 40
– трети степен – 30
3. Напредно рамниште
– прв степен – 10
– втор степен – 10
Специјален курс по фонетика на рускиот јазик (средно рамниште-трети степен) – 30
Специјален курс по морфологија на рускиот јазик (напредно рамниште-прв степен) – 20
Пријавувањето ќе се одвива онлајн со пополнување електронски формулар од 28 септември до 04 октомври 2023 година на следниов линк.
Кандидатите коишто ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа, а кои имаат завршено претходен степен во друга институција потребно е да достават и скен од сертификат за соодветно претходно ниво. Наставата во учебната 2023/2024 година ќе започне на 9 октомври 2023 година.