Протестите продолжуваат – Се бара правда за жртвите на Онкологија
– Протестите против убиствата на Онкологија продолжуваат денес, а протестирачите не се откажуваат од барањето правда за жртвите. Организаторите побараа излезеност и поддршка од граѓаните, затоа што како што велат протестот не е само за онкологија туку за целосниот здравствен систем.
„Ве повикуваме на протест понеделник“ пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем.
Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!
Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме.
Протестот започнува од 18 часот, пред Владата на Република Македонија.